ТУРСКИОТ СЕЛЕКТОР ТЕРИМ НАЈАВИ ОСТАВКА ЗА ДА СИ ЈА ЗАШТИТИ ФАМИЛИЈАТА

    ТУРСКИОТ СЕЛЕКТОР ТЕРИМ НАЈАВИ ОСТАВКА ЗА ДА СИ ЈА ЗАШТИТИ ФАМИЛИЈАТА

    Селекторот на турската фудбалска репрезентација Фатих Терим е длабоко навреден од критиките и заканите на негова сметка и најави дека ќе поднесе оставка во случај на неуспех на Европското првенство во Франција.
    „Подготвен сум да преземам целосна одговорност“, соопшти 62-годишниот Терим пред денешниот меч против Чешка во Ленс, последен во фазата на групи.
    Терим вели дека е загрижен поради заканите по неговата фамилија на интернет.
    „Фамилијата ми е најважната работа во животот. Никој не смее да биде повреден, нема да го дозволам тоа“, изјави Терим.
    По поразите од Хрватска (0:1) и од Шпанија (0:3) на првите два меча на првенството во Франција, Терим доби насилни закани на социјалните мрежи, а неговата бремена ќерка беше исмевана.
    „Исфрустриран сум и длабоко разочаран. Јас сум само човек“, порача турскиот селектор

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари