156.000 ГЛАСАЧИ ГИ НЕМА ВО НИЕДНА БАЗА

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:249:"ВоДИКсекараледалидасегласазаекспертскиотизвештајспоредкојнад495илјадигласачитребадасебидатпредметнатеренскаанализа";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    Вкрстените проверки покажале дека само по основ на луѓе кои ги има во Избирачкиот список, а ги нема во ниту една од другите 10 бази на институциите се повеќе од 156 илјади гласови, дознаваме неофицијално од експертските извори во ДИК. Тоа, според нив се чисто фантомски гласови.

    Според резултатите кои ги шокирале членовите на ДИК, ќе треба да се направи теренска проверка на над 495 илјади гласачи. Таа бројка излезе по вкрстената проверка на десетте бази на релевантни државни институции, дознаваме од извори на експертите кои работат на прочистувањето на Избирачкиот список.

    Членовите на Државната изборна комисија се расправале дали треба да се гласа за прифаќање на извештајот на експертската комисија според кој скоро половина милион гласачи треба да се бидат предмет на теренска анализа. Неофицијално, членовите на ВМРО-ДПМНЕ ги оспориле резултатите од вкрстувањето на податоците и тие побарале да се гласа за усвојување на извештајот. Другите членови на ДИК спореле дека не може да се гласа за бројки и факти што се добиени со вкрстување на податоци од 10 државни институции, особено што критериумите како ќе се врши проверката на избирачкиот систем биле договорени од работните групи на четирите партии потписнички на договорот од Пржино.

    Oд ДИК не сакаат да ги откријат причините зошто извештајот не е усвоен. На крајот сепак било одлучено да се направат дополнителни тестови на дел од прашањата за чистење на Избирачкиот список, па потоа да се закаже јавна седница на која ќе биде презентиран конечниот извештај од проверката на базите со податоци.

    Проверката на базите на институциите била  правена од три експертски тимови, кои правеле проверка на податоците независно еден од друг. Секој тим направил свој извештај, а конечниот резултат бил направен со комбинирање на податоците на трите извештаи.

    Други луѓе кои ги има во Избирачкиот список, а ги имало многу поодамна во само една база се повеќе од 192.000. Тоа се најповеќе иселени лица, но и тука, проверките откриле дека има сомнителни повеќе од 70.000 гласачи.

    Кога на ова ќе се додадат 156.000 гласачи што ги нема во ниту една база, се доаѓа до бројката од повеќе од 495.000 некозистентни или сомнителни гласачи кои ДИК ќе мора да ги провери на терен.

    Четворицата консултанти за информатичка технологија предложени од четирите најголеми политички партии и еден меѓународен консултант, ангажиран од ИФЕС, ја координираа работата, го извршија вчитувањето на податоците од десетте државни институции во една единствена база и направоја нивно стандардизирање и оптимизирање.

    ДИК денеска соопшти дека Комисијата ќе оддржи јавна седница по дополнителното разгледување на првичниот извештај од вкрстената проверка.

    „Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од спроведување на вкрстени проверки на базите на податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките. Веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, ДИК ќе закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстените податоци“, се вели во соопштението на ДИК.

    Од усвојувањето на извештајот зависи кога ДИК треба да ја почне теренската проверка на спорните гласови.

    Избирачкиот список мора да биде прочистен до 17 април.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари