ЧАИР ВОДИ СО 17.041 СПОРНИ ЗАПИСИ СО ГЛАСАЧИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЧАИР ВОДИ СО 17.041 СПОРНИ ЗАПИСИ СО ГЛАСАЧИ

    Државната изборна комисија (ДИК) објави 17.041 запис со податоци за спорни гласачи во скопската општина Чаир. Во овој запис се водат податоците за спорни гласачи и во населбите Бутел и Шуто Оризари. Според информациите од ДИК, во оваа општина има најголем број спорни записи, а нивната проверка, како и проверката на спорните гласачи во сите општини, треба да заврши до трети април.

    Заради олеснување на теренската проверка, како и за забрзување на постапката, ДИК најави зголемување на бројот на анкетари што ќе работат во Чаир, како и во Центар, Гази Баба, Пробиштип, Дебар, Тетово и во Гостивар.

    Ова е бројот на неконзистентните записи со податоци за спорни гласачи по општини:

    • Карпош- 6.864
    • Кисела Вода- 2.219
    • Центар- 6.722
    • Чаир- 17.041
    • Македонски Брод – 101
    • Гази Баба- 5.720
    • Куманово -11.676
    • Струмица- 1.397
    • Берово- 118
    • Велес- 2.139
    • Виница- 341
    • Делчево- 421
    • Кочани- 1.158
    • Штип- 2.137
    • Кратово- 140
    • Крива Паланка- 512
    • Свети Николе- 249
    • Пробиштип- 1.180
    • Битола- 3.849
    • Гевгелија- 1.263
    • Валандово- 164
    • Неготино и Демир Капија – 222
    • Кавадарци и Росоман- 1.157
    • Радовиш- 557
    • Прилеп- 2.113
    • Струга- 1925
    • Дебар и Центар Жупа- 832
    • Охрид и Дебрца- 1.853
    • Демир Хисар- 169
    • Кичево- 1.359
    • Крушево- 183
    • Ресен- 890
    • Тетово- 6.293
    • Гостивар- 4.383

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира