ДИК БАРА РЕШЕНИЕ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 40.000 СПОРНИ ГЛАСАЧИ ШТО НЕ БИЛЕ НАЈДЕНИ ДОМА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    Анкетарите при теренската проверка се сретнале со 35.481 гласач, со 41.435 не се сретнале, а за 10.436 не е даден одговор на прашањето дали се сретнале или не, стои во извештајот за теренската проверка на избирачкиот список.

    Од проверените гласачи, 8.878 се на привремена работа во странство, ама живеат на наведената адреса, 5.093 живееле на таа адреса, па се иселиле, 523 живееле, но починале, а 2.495 гласачи живеат во земјава, ама на друга адреса.

    Од теренската анкета потврдено е дека 7.216 гласачи живееле на адресата што била проверувана, ама се иселиле, 1.303 живееле, ама во моментов не се знае каде се, додека 26 лица се запишани на адреси на јавни институции. Проверките покажале дека во 15 случаи објектот не постои, а во исто толку случаи објектот бил руиниран.

    Претставниците на СДСМ денеска не гласаа за извештајот од теренските проверки и тој беше усвоен со седум гласа „за“.

    Претходно презентирањето на извештајот од теренската проверка на спорните гласачи во ДИК, помина во бурна расправа меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

    Тие поинаку ги толкуваат бројките од пополнетите и внесени прашалници од теренската проверка на 87.352 гласачи.

    Според Игор Милев, член на СДСМ во ДИК, многу од прашањата во анкетните листови се неодговорени и за нив треба да се направат дополнителни вкрстени проверки.

    – Лицата што беа анкетари се несоодветни за таа работа, а досега немаме извештај и за тоа кој сè ги внесувал податоците во системот на Државната изборна комисија. Биле ангажирани лица од различни институции, кои немаат потпишано документ за неиздавање тајни податоци – рече Милев.

    На неговото изложување, реплицираше Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, која рече дека генералниот секретар бил задолжен за лицата што ги внесувале податоците.

    – Сите знаете дека беа склучени договори со вработени во Министерството за информатичко општество и администрација, кои ги внесуваа податоците. Ако се сомневате дека генералниот секретар не ја завршил работата како што треба, требаше на работен состанок уште еднаш да ги провериме тие лица – изјави Бонева.

    Седницата на ДИК сè уште трае, а од она што досега е истакнато од членовите, од 87.352 анкетни листа недостигаат 282 прашалника.

    Членовите на ДИК од СДСМ оспоруваат и повеќе од 15.000 прашалници кои, според нив, се спорни врз основа на тоа дека повеќе од 20 гласачи живеат во иста куќа и други повеќе од 17.000 прашалници на гласачи кои ги има само во една база што беше проверувана од ДИК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари