ДИК: БРОЈКИТЕ ЗА СПОРНИТЕ ГЛАСАЧИ СЕ САМО ШПЕКУЛАЦИЈА

a:1:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA

    ДИК: БРОЈКИТЕ ЗА СПОРНИТЕ ГЛАСАЧИ СЕ САМО ШПЕКУЛАЦИЈА

    Скопје, 17 март, 2016 – (META) Сè додека членовите на Државната изборна комисија не го усвојат извештајот за резултатите од вкрстените проверки, сите бројки што се појавуваат во јавноста се на база на шпекулации – рече денеска на прес-конференција Љупка Гугучевска, советник во ДИК.

    Таа не сакаше да одговори на новинарски прашања дали бројката е иста или барем приближна на таа што се појавува во неофицијалниот извештај.

    – По првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, ДИК одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките. Веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, Државната изборна комисија ќе закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки – вели Гугучевска.

    По усвојувањето на анализата, ДИК ќе треба да почне со теренска проверка на спорните гласачи.

    Денеска некои од медиумите изегоа со неофицијални бројки дека во избирачкиот список спорни се меѓу 300.000 и 500.000 гласачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира