ДИК ГО ОБЈАВИ ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК И РОКОВНИКОТ ЗА ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ

    ДИК ГО ОБЈАВИ ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК И РОКОВНИКОТ ЗА ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ

    Од 25 април до 9 мај, а најдоцна до 14 мај, граѓаните ќе можат да проверат дали нивното име се наоѓа во Избирачкиот список,  кој е ставен на увид на веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) . Увидот преку веб-страната на ДИК (www.sec.mk) граѓанинот може да го направи со внесување на матичниот број и кодот што ќе се појави. Со важечки документи и лично граѓаните може да направат увид во Избирачкиот список во подрачните единици на ДИК. Избирачкиот список треба да биде заклучен до 19 мај.

    Исто така ДИК преку Министерството за надворешни работи треба да ги достави посебните изводи од Избирачкиот список до дипломатско конзуларните претставништва на увид за лицата на привремена работа или престој во странство.

    Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престојуваат во странство, можат да достават пријава своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори.

    Од 14 мај, кога завршува јавниот увид во Избирачкиот список, ДИК,  Избирачкиот список го доставува до политичките партии.

    Партиите во рок од пет дена односно до 19 мај до ДИК треба да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци од Избирачкиот списпок. По нивните барања ДИК треба да одлучи во рок од три дена од приемот на барањето.

    Против решението на ДИК политичката партија може да поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението, кој пак е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.

    До 28 април ДИК треба да ги формира општинските изборни комисии , а одлуките со кои се формираат ОИК и Изборната комисија на Град Скопје се објавуваат во „Службен весник,

    До 11 мај се доставуваат листите на кандидати за пратеници во Собранието до ДИК..

    На 15 мај се одржува ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието и ја организира ДИК.

    На 16 мај започнува изборната кампања, а завршува на 3 јуни во 24:00 часот.

    Од денот на распишување на изборите, па сѐ до почеток на изборна кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање, освен огласи и соопштенија за собирање потписи за поддршка на кандидатура на група избирачи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари