ДИК ЌЕ ГИ ОБЈАВИ САМО СПОРНИТЕ ГЛАСАЧИ ОД ТЕРЕНСКАТА ПРОВЕРКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    Државната изборна комисија (ДИК) ја почна теренската проверка на 87.362 граѓани во сите општини во државата. Комисијата денес, на јавна седница, донесе и одлука овие спорни гласачи да се објават на веб страницата на ДИК.

    Против ваквата одлука гласаа четворица членови на ДИК, според кои јавното објавување на податоци за гласачи, за кои постои сомнеж дека се спорни, ќе ја искомплицира теренската проверка. Тие сметаат дека довербата во овој процес веќе е нарушена поради излегување во јавност на информации за спорни граѓани што ги има само во цедињата на ДИК, а кои ги побарале и го поседуваат дел од членовите на Комисијата.

    “Објавувањето на неконзистентните податоци на Интернет е спротивно на методологијата за работа на Државната изборна комисија. Согласно утврдената методологија се знае кои се постапките за подготовка, медиумска кампања и теренска проверка. Ниту има правна основа, ниту е целисходно, во оваа фаза кога теренската проверка веќе е почната да објавуваме вакви податоци”, рече претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

    Тој најави дека за објавувањето на сите спорни гласачи на Интернет,  кои се околу 300.000 ќе се расправа на една од наредните седници.

    ДИК вчерва ќе расправа и за тоа дали Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), како и граѓанските организации “МОСТ” и “Синергија”  треба да ги набљудуваат теренските проверки за поголема доверба на граѓаните во овој процес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари