ДИК ЌЕ СЕ ПАЗАРИ ДАЛИ ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК Е ДОВОЛНО ЧИСТ ИЛИ НЕ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:348:"Неофицијално,дознавамедекапорадинесогласувањеначленовитенаКомисијатасеподготвуванадгласувањесо“за”или“против”далиИзбирачкиотсписоквооваафазаеедоволночистилине ";s:9:"td_source";s:41:"Скопје,(САКАМДАКАЖ.МК)

    ДИК ЌЕ СЕ ПАЗАРИ ДАЛИ ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК Е ДОВОЛНО ЧИСТ ИЛИ НЕ

    Државната изборна комисија (ДИК) денес треба да каже колку спорни гласачи се обработени и дали завршува теренската проверка. ДИК за САКАМДАКАЖАМ.МК најави дека на јавна седница, која ќе почне во 13 часот, ќе има официјални информации за резултатот и натамошните чекори на Комисијата.
    Неофицијално, дознаваме дека поради несогласување на членовите на Комисијата се подготвува надгласување со “за” или “против” дали Избирачкиот список во оваа фаза е е доволно чист или не.
    “Место да има едногласно усвојување на извештајот од теренската проверка,како што беше прифаќањето на методологијата за работа и составот на Комисијата, овојпат сакаат да се гласа. Тоа значи дека ќе се пазарат. Некои членови може да мислат дека Списокот е чист, некои дека не е, а тој сепак да се усвои од мнозинството и со таков да се оди на избори. Тоа нема да значи дека работата е завршена и дека ќе имаме кредибилен Избирачки список во кој сите ќе веруваат, како што укажуваше меѓународната заедница, и на што сите партии се обврзаа”, велат извори за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Претседателот на ДИК Александар Чичаковски, на последната јавна седница, рече дека нема да го потпише Избирачкиот список ако остане и еден спорен гласач. Тој апелираше сите институции да соработуваат со ДИК за да може членовите на Комисијата да дадат попрецизна проценка за тоа дали може да има прочистен Избирачки список.

    Минатата недела, пак, претседателот на СДСМ Зоран Заев и коалициските партнери одлучија опозицијата да не ги повлече нејзините членови од Државната изборна комисија за, како што соопштија, да обезбедат контрола на процесот на прочистување на Избирачкиот список и да ги спречат евентуалните манипулации.

    Според последните информации од ДИК, од 87.128 лица кои теренски беа проверувани, 37.435 лица не биле пронајдени дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира