ДИК: МОЖНО Е КУСО ПРОЛОНГИРАЊЕ НА ДАТУМОТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:206:"Бројкатаодсамо20.000проверенизаписинатереннееточна,тврдиАдмирШабаниодтимотзаодносисојавностнаДИК";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК: МОЖНО Е КУСО ПРОЛОНГИРАЊЕ НА ДАТУМОТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА

    Теренската проверка на 87.362 спорни записи на гласачи во изборачкиот список треба да заврши утре, но можно е Државната изборна комисија (ДИК) да донесе одлука за пречекорување на рокот за уште два-три дена, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК, Адмир Шабани од тимот за односи со јавноста во ДИК.

    Бројката од само 20.000 проверени записи на терен не е точна, тврди Шабани, затоа што тој податок што се појави во медиумите е заклучно со 29 март. „Во меѓувреме, веруваме дека тимовите посетиле уште најмалку 20.000 адреси на спорни имиња во избирачкиот список, но тие податоци не се обработени“, тврди Шабани. Според него до денес е завршена теренската проверка во најмалку 10 општини.

    Тимовите не се соочувале со поголеми проблеми при теренската проверка. Во општина Чаир каде што беа регистрирани над 17.000 спорни записи со гласачи, ДИК работи со засилени екипи. Најголем број спорни записи треба да се проверат во Тетово, Гостивар, Куманово и скопските општини Карпош, Гази Баба и Центар. Ако и покрај засилувањето, тимовите не успеат да завршат со теренските проверки до утревечер, во тие општини проверките ќе продолжат уште најмногу неколку дена.

    По завршувањето на теренските проверки на овие 87.362 спорни записи, резултатите ќе се систематизираат и ќе се прави нивна дополнителна административна проверка, вели Шабани од тимот за односи со јавноста во ДИК.

    По разни основи со вкрстување на податоците од 10 бази на државните институции, во избирачкиот список се појавија речиси 300.000 спорни записи на гласачи. Државната изборна комисија одлучи за речиси 90.000 записи да направи теренски проверки, а другите записи се проверуваат административно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари