ОДЛАГАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ, НЕМА НОВ ДАТУМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОДЛАГАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ, НЕМА НОВ ДАТУМ

    Собранието на денешната седница ќе расправа по единствена точка на дневниот ред, Предлог на закон за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од Талат Џафери. Со измените треба од Изборниот законик да се избрише членот со кој изборите беа закажани за 5 јуни.

    Според предлогот на Џафери „со предложените решенија во Изборниот законик нема да се предвиди точниот датум на одржување на предремените избори на пратеници„.

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја закажа седницата на Собранието за денеска во 16 часот по времената одлука на Уставниот суд  да се стават под мраз двете одлуки за распуштање.

    Предлагачот на законот, Талат Џафери од ДУИ за „Мета“ изјавил дека во предлог – измените  нема нов датум, бидејќи за тоа одлучуваат лидерите на партиите, а не тој.

    На прашањето дали мисли дека останатите пратеници ќе ги поддржат измените, тој рекол дека секој нормален пратеник тоа мора да го стори.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари