УШКОВСКИ МОЖЕ ДА ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА ПРЕДИЗБОРНОТО ПОКАЧУВАЊЕ ПЛАТИ НА СУДИИТЕ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:418:"Зоштосечекалодабидатраспишаниизборите,падурипотоадаседаденалогзапокачувањенаплатитенасудиитеинаобвинителитекогазаконотстапинасилана31декември2015годинаиможелдасеприменувауштесојануарскатаплата";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УШКОВСКИ МОЖЕ ДА ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА ПРЕДИЗБОРНОТО ПОКАЧУВАЊЕ ПЛАТИ НА СУДИИТЕ

    Зголемувањето на платите пред избори на судиите, обвинителите и на обвинителската стручна служба е кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку пет години за оној кој го извршил делото. Со истоветна затворска казна, според Кривичниот законик се соочува и тој кој го овозможил извршувањето на делото пред избори.

    Претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски, непосредно пред да му заврши шестгодишниот мандат и да ја напушти функцијата, на 18 април, со допис до претседателите на судовите им наложил да ги покачат на платите судиите за 35 отсто.

    Изборите беа закажани на 15 април.

    Во дописот тој бара од претседателите на судовите ова покачување да важи ретроактивно и за март 2016 година. Ушковски се повикува на измените на законот за платите на судиите кој стапи на сила на 31 декември минатата година, а Собранието го изгласа само ден пред тоа.

    Неколку дена пред Ушковски и државниот обвинител Марко Зврлевски потпишал зголемување на платите на обвинителите и на администрацијата за исто толку проценти.

    Нејасно е зошто се чекало да бидат распишани изборите, па дури потоа да се даде налог за покачување на платите на судиите и на обвинителите. Законот стапи на сила уште на 31 декември 2015 година и можел да се применува уште со јануарската плата на судиите.

    Кон крајот на март штрајкуваше судската администрација за која покачувањето на платите не важи. Судските службеници бараа и ним да им бидат покачени платите, но Ушковски не побарал од Министерството за правда измени на Законот за судска служба.

    Забраната за покачување на платите пред избори е пропишана во Изборниот законик, кој предвидува дека од донесувањето на одлуката за распишување на избори не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати“. 

    Казните за кршењето на Изборниот законик се содржани во Кривичниот законик, во делот за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања. Тој предидува минимум пет години затвор за оној кој ќе користи, но и за тој кој ќе дозволи недозволени средства за изборна кампања. А недозволено средство, според Изборниот законик, е исплаќање на плати, пензии и други материјални надоместоци од средствата од Буџетот, кои не се редовни месечни исплати.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира