ЗАЕВ ПОВИКА НА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ ПОВИКА НА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска повика на бојкот на изборите на 5 јуни. По потпишување на Граѓанската платформа за слободна Македонија со коалиционите партнери и граѓанските здруженија тој ги повика граѓаните да не излегуваат на гласање.

    „Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани, сите граѓански организации и политички партии да не учествуваат на нелегитимните избори кои авторитарниот режим сака да ги одржи на 5 јуни 2016 година. Или Груевски или Македонија.“, рече Заев.

    Тој истакна дека „во Македонија ќе се одржат регуларни, фер и демократски избори откако ќе се надминат клучните проблеми преку прочистување на избирачкиот список, спроведување на реформа на медиумите и прекинување на притисоците и заплашувањата врз гласачите.“

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари