ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ ПОПРЕЧУВА ИСТРАГА ЗА ТЕШКО БОЛНА ЗАТВОРЕНИЧКА, ВЕЛИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ ПОПРЕЧУВА ИСТРАГА ЗА ТЕШКО БОЛНА ЗАТВОРЕНИЧКА, ВЕЛИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    Смртта коси во затворот „Идризово“. Од јануари до сега починале петмина затвореници. Директорот на затворот Живко Пејковски одбива да даде документација за една од истрагите што ги врши Омбудсманот, за пациентка која неодамна ќе умрела во затворот, вели Народниот правобранител Иџет Мемети. Тој има покренато постапки за сите смртни случаи во најголемиот затвор од почетокот на оваа година, но спор со директорот Пејковски настанал во истрагата за случајот со тешко болна затвореничка, која неодамна со пукнат чир во последен момент била однесена во Клиничкиот центар.

    Мемети вели за првпат од постоењето на институцијата Народен правобранител се случува директор на затвор и воопшто раководно лице на институција грубо да ја попречи работата на Омбудсманот.

    „Ова е преседан. Никој, освен УБК, кога го отворивме предметот за масовното нелегално прислушување, не спречувал истрага која ја отвора Омбудсманот“, вели Народниот правобранител Иџет Мемети (Фото: СДК.МК)

    „Ова е преседан. Никој, освен УБК, кога го отворивме предметот за масовното нелегално прислушување, не спречувал истрага која ја отвора Омбудсманот“, вели Народниот правобранител Иџет Мемети (Фото: СДК.МК)

    „Не може директорот Пејковски да не ја дава комплетната медицинска документација на тешко болната пациентка. Ми испратил одговор да одам таму да вршам увид, а мене документацијата и доказите ми требаат за да можам да покренам постапка за овој случај. Ова е преседан. Никој, освен УБК, кога го отворивме предметот за масовното нелегално прислушување, не спречувал истрага која ја отвора Омбудсманот. Пејковски оневозможува да собереме податоци и докази за да дојдеме до фактичката состојба: дали затвореничката се жалела на здравствени проблеми, зошто немало застворски лекар да ја прегледа, како седела толку време помодрена со пукнат чир на желудникот…“, вели Мемети за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Член 24 од Законот за Народен правобранител му дава широки и зајакнати овластувања на Омбудсманот кога работи по претставки од граѓани и кога истражува случај на кршење на човековите права и слободи. Тој може да бара секакви материјални и вербални докази, да повикува службени лица на разговор, а институциите се должни да му ги дадат доказите. Директорот Пејковски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека на Мемети за случјот со затвореничката му испратил допис со кој го повикува таму во затворот да врши увид. Како аргумент навел дека медицинскиот картон не може да се изнесува, поради тоа што се коси со Законот за лични податоци.

    Мемети упатува на член 27 од Законот, кој им наложува на институциите да соработуваат со Народниот правобранител и да му ги дадат сите барани податоцибез оглед на степенот на доверливост. Но вели, поентата не е во ова, туку во грубото попречување на неговата работа, преседан што никако не смее да помине.

    „Затворот Идризово е секогаш отворен за Народниот правобранител. Ќе разговараме и ќе се разбереме што точно му треба. Ќе му дадеме на Омбудсманот сѐ што бара, како што била праксата и досега“, вели директорот на „Идризово“ Живко Пејковски

    „Затворот Идризово е секогаш отворен за Народниот правобранител. Ќе разговараме и ќе се разбереме што точно му треба. Ќе му дадеме на Омбудсманот сѐ што бара, како што била праксата и досега“, вели директорот на „Идризово“ Живко Пејковски

    Сепак, Пејковски вели: „Затворот Идризово е секогаш отворен за Народниот правобранител. Негов тим има овде и сега додека зборуваме. Никогаш не сме одбиле соработка, никогаш на Омбудсманот не му е скриен документ. Така ќе биде и во овој случај. Ќе разговараме и ќе се разбереме што точно му треба. Ќе му дадеме на Омбудсманот сѐ што бара, како што била праксата и досега“.

    Од октомври лани досега починале всушност 7 затвореници, поради лошата здравствена заштита во затворите. Шестмина починале во „Идризово“, еден во затворот во Шутка. Директорот на затворот Пејковски вели дека со натчовечки напори гледаат кај затворениците со здравствени проблеми што е можно побрзо да се реагира во попладневните часови, кога нема затворски лекар.

    „Што да правиме со само двајца лекари и две медицински сестри на 1.860 затвореници? Од нив 450 се зависници од дрога, а над 150 се психички болни, кои судовите ги осудиле на затворски казни. Затворот ‘Идризово’ плаќа огромни суми за лекување на болните затвореници во клиниките, зашто тие сѐ уште немаат осигурување. Над две години реагирам во Министерството за здравство, во Владата, во управата за извршување санкции, законот не се спроведува. Законот требаше да го спроведе Министерството за здравство, зошто не го спроведува не знам“, реагира Пејковски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира