АЛТЕРНАТИВА ГО ЗЕМА ЗДРАВСТВОТО, ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И РЕСОР ЗА ДИЈАСПОРАТА, А ЌЕ РАКОВОДИ И СО МЕПСО, ГАШИ Е НАЈГОРД НА ДОГОВОРЕНИТЕ ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ

    АЛТЕРНАТИВА ГО ЗЕМА ЗДРАВСТВОТО, ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И РЕСОР ЗА ДИЈАСПОРАТА, А ЌЕ РАКОВОДИ И СО МЕПСО, ГАШИ Е НАЈГОРД НА ДОГОВОРЕНИТЕ ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИЗаев кажа дека сега парламентарното мнозинство брои 64 пратеници, тој ќе си оди пред нова година од премиерското место. (Фото:К. Попов)

    Читајќи 9 точки кои ги договориле со СДСМ и со ДУИ како основа на новата владина програма, меѓу кои е и точка струјата да не поскапи повеќе од 20 отсто, лидерот на Алтернатива Африм Гаши на заедничкиот прес со премиерот Зоран Заев денеска потврди и официјално дека од опозиција, влегува со своите 4 пратеници во Владата.

    Заев кажа дека дојде крајот со нефункционалното Собрание, соочено со постојани блокади од опозицијата. Мнозинството во моментов се качи на 64 пратеници, одговори тој на новинарско прашање, но и дека ќе расте.

    Како што се зборуваше цело време, ресорот здравство го зема партијата на Гаши. Покрај што зема од СДСМ, зема и од ДУИ, а тоа е Министерството за информатичко општество и администрација, а се враќа и безресорното министерство за дијаспора, со кое ќе раководи Алтернатива.

    Од позначајните директорски места, новиот коалиционен партнер го зема МЕПСО. Освен Филипче, си оди и директорот на Клиничкиот центар Тетово, затоа што Алтернатива го зема и тоа место.

    Заев кажа дека можно решение со Бугарија за проблемот што тие ги имаат со нас, е од 15 декември натаму, до јануари.

    На новинарско прашање Заев кажа дека на 12 декември СДСМ ќе има нов претседател, а следствено на тоа новиот претседател ќе си биде потоа и претседател на Владата, односно мандатар за владата. Оставката рече ќе ја депонира на крајот на годината.

    Одговарајќи наизменично, Гаши кажа дека особено е горд на постигнатиот договор за Национална стратегија за образованието, бидејќи должност на актуелните политичари е таа најважна образовна реформа да се направи.

    Алтернатива ќе има и тројца заменици-министри: во образование, култура и најверојтно во Министерството за земјоделство. Алтернатива ќе раководи и со Фондот за здравство, Железници транспорт, Агенција за странски инвестиции и други.

    Заев кажа дека никој нема да ги поништува или оспорува донесените правосилни пресуди на пример за Монструм, Диво насеље, но и затворени истраги како таа за загинувањето на новинарот Никола Младенов, но дека ќе ангажираме европски правни експерти да ги видат предметите и да дадат свој коментар.

    „Германските експерти земаа примероци, докази од местото на изгорената модуларна болница во Тетово, но не значи дека ја води истрагата, туку дава мислење до нашите институции“, спореди Заев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира