ОД СРЕДА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 23 ЧАСОТ, КАФЕАНИТЕ ДА РАБОТАТ ДО 22.30, Ѝ ПРЕДЛАГА КРИЗНИОТ ШТАБ НА ВЛАДАТА

    ОД СРЕДА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 23 ЧАСОТ, КАФЕАНИТЕ ДА РАБОТАТ ДО 22.30, Ѝ ПРЕДЛАГА КРИЗНИОТ ШТАБ НА ВЛАДАТАПредлогот на Кризниот штаб треба да биде усвоен на утрешната владина седница. (Фото: К. Попов)

    Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е предложено на денешниот состанок на Централниот кризен штаб, а одлуката треба да биде усвоена на утрешната владина седница. И понатаму дозволено ќе биде да работат само летните тераси на угостителските објекти.

    Ваквиот предлог доаѓа откако изминативе денови паѓаат бројките на новозаразени лица со коронавирус. Вчера беа регистрирани 105 нови позитивни на ковид-19 од 946 тестови, а активни се 14. 276 случаи.

    Кафулињата и кафеаните се отворени од 28 април. Сега работат до 20.30 часот, бидејќи според минатонеделната одлука на Владата полицискиот час почнува од 21 часот. Полицискиот час не важеше во саботата кога верниците во црквите и манастирите го прославуваа  Велигден. Полициски час нема да има ни за Рамазан бајрам, односно вечерта на 12 мај.

    Од утре почнува и масовната вакцинација против ковид-19 со кинеската вакцина во Скопје и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, а според распоредот на веќе пријавени граѓани ќе биде и распределена и бројката на вакцини. Министерот за здравство Венко Филипче најави и дека до крајот на мај ќе има пунктови за масовно вакцинирање и во Велес и во Прилеп. Досега, вкупно се вакцинирани 61,603, а пријавени се 218,577 граѓани.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира