ПОТРЕСНИ ЛИЧНИ ПРИКАЗНИ И СКАНДИРАЊА „УБИЈЦИ“ – СТОТИЦИ ГРАЃАНИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ВЛАДАТА ЗА КРИМИНАЛОТ НА ОНКОЛОГИЈА

    ПОТРЕСНИ ЛИЧНИ ПРИКАЗНИ И СКАНДИРАЊА „УБИЈЦИ“ – СТОТИЦИ ГРАЃАНИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ВЛАДАТА ЗА КРИМИНАЛОТ НА ОНКОЛОГИЈАГраѓаните носеа транспаренти чија суштина беше прашањето „колку вреди човечкиот живот во Македонија“ (Фото: К. Попов)

    Со континуирано извикување „убијци, убијци“ и со палење свеќи за жртвите на здравствениот систем во Македонија, пред Владата се одржа протест поттикнат од истрагата за криминал на Клиниката за онкологија, за кој Јавното обвинителство во петокот отвори предистражна постапка за препродавање скапа биолошка терапија за лекување на болните од рак. Стотици граѓани се приклучија на мирниот протест, носејќи транспаренти чија суштина беше прашањето „колку вреди човечкиот живот во Македонија“.

    Се раскажаа и потресни лични приказни, при што еден помлад учесник на протестот опиша како мајка му починала кратко време откако почнала да прима хемотерапија.

    Пред владата беше истурена црвена боја која асоцираше на пролеана крв (Фото: К. Попов)

    Јас пред една недела ја изгубив мајка ми од рак на белите дробови. Болката е незамислива. Поради тип на рак под итно беше ставена на хемотерапија. Мајка ми беше карпа човек, но по само три сесии хемотерапија клапна и за една недела почина. Не знам што ѝ даваа. За седум дена се претвори во жив мртовец. Министерството за здравство, Онкологија и сѐ што е поврзано, тоа е невидена мафија. На човек кој се бори за живот и секој ден му се брои, некои директори, министри, убијци му го уништуваат животот. Сите заедно мора да застанеме и да се ослободиме од овие монструми“, кажа тој.

    Ова не се пере“, стоеше на еден натпис откако на асфалтот пред владата беше испишано „убијци“ и беше истурена црвена боја која асоцираше на пролеана крв.

    На крајот на протестот беше фрлено и по некое јајце кон владата, од каде што протестот се пресели пред зградата на Јавното обвинителство.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира