Пожар околу трафостаница на МЕПСО во Пинтија е причината поради која попладнево немаше струја од околу 17.20 до 18 часот во речиси во цело Скопје. Директорот на МЕПСО Орхан Муртезани за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави вели дека напојувањето е прекинато поради пожар.
Од МЕПСО подоца соопштија дека причина за прекин на струјата на територијата на речиси цело Скопје, делови од Велес и некои населени места во Овче Поле бил испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица. „Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија“, велат од МЕПСО.
Од таму велат дека диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставиле напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување.
АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти.
А. АНТЕВСКА