ЦЕЛО СКОПЈЕ И ДЕЛ ОД ВЕЛЕС ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ПОЖАР ОКОЛУ ТРАФОСТАНИЦА НА МЕПСО, МОЖНИ СЕ КУСИ ПРЕКИНИ И ВО ТЕКОТ НА НОЌТА

    ЦЕЛО СКОПЈЕ И ДЕЛ ОД ВЕЛЕС ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ПОЖАР ОКОЛУ ТРАФОСТАНИЦА НА МЕПСО, МОЖНИ СЕ КУСИ ПРЕКИНИ И ВО ТЕКОТ НА НОЌТАПопладнево немаше струја од околу 17.20 до 18 часот во речиси во цело Скопје. (Фто: К. Попов)

    Пожар околу трафостаница на МЕПСО во Пинтија е причината поради која попладнево немаше струја од околу 17.20 до 18 часот во речиси во цело Скопје. Директорот на МЕПСО Орхан Муртезани за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави вели дека напојувањето е прекинато поради пожар.

    Од МЕПСО подоца соопштија дека причина за прекин на струјата на територијата на речиси цело Скопје, делови од Велес и некои населени места во Овче Поле бил испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица. „Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија“, велат од МЕПСО.

    Од таму велат дека диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставиле напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување.

    АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира