РОЗОВА СУПЕРМЕСЕЧИНА, НАЈГОЛЕМА И НАЈСВЕТЛА ВО 2020

    РОЗОВА СУПЕРМЕСЕЧИНА, НАЈГОЛЕМА И НАЈСВЕТЛА ВО 2020Штркови во скопско Р'жаничино. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ретка розова Супермесечина вечерва може да се набљудува на небото, додека таа поминува многу блиску покрај Земјата. Сепак, името на овој природен феномен не одговара на реалноста, бидејќи бојата на Месечината е поблиску до бледо портокалова.

    Секој месец полната Месечина има посебно име, кое најчесто се должи на домородното население во Америка. Така априлската полна Месечина се поврзува со раното пролетно цутење на цвет кој расте само во источниот дел на Северна Америка.

    Розова Месечина е тип на Супермесечина која се случува кога полна Месечина е невообичаено блиску до Земјата, што ја прави поголема и посветла од нормалното. Според НАСА, оваа розова Месечина ќе биде „најсупер“ од сите полни супермесечини оваа година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира