ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ЌЕ ПОЧНЕ НА 1 ФЕВРУАРИ, УЧЕБНАТА ГОДИНА ЗАВРШУВА НА 10 ЈУНИ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ЌЕ ПОЧНЕ НА 1 ФЕВРУАРИ, УЧЕБНАТА ГОДИНА ЗАВРШУВА НА 10 ЈУНИ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАСтартот на второто полугодие се одложува поради големиот број на позитивни на ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Второто полугодие за учениците во основните и средните училишта ќе почне на 1 февруари, а учебната година ќе заврши на 10 јуни, одлучи Владата. Вечерва Владата донесе ваква одлука откако  Кризниот штаб и Комисијата за заразни болести имајќи ја во предвидд епидемиолошката состојба со ковид-19, препорачаа второто полугодие наместо на 20 јануари да почне на 1 февруари.

    „Оваа одлука ја донесовме на денешната втора седница на Владата во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови“, напиша на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира