ДО 9 ЧАСОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ИЗЛЕЗНОСТА Е 4,17, А НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ 4,45 ПРОЦЕНТИ, ОД ДИК ВЕЛАТ НЕМА БОЈКОТ

    ДО 9 ЧАСОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ИЗЛЕЗНОСТА Е 4,17, А НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ 4,45 ПРОЦЕНТИ, ОД ДИК ВЕЛАТ НЕМА БОЈКОТВо третата изборна единица до 9 часот има најголема излезност од 6,26 отсто. (Фото: Ѓ. Личовски)

    До 9 часот,  излезноста на претседателските избори е 4,17 отсто што е повисока од првиот круг пред две недели кога беше 3,85 отсто. Излезноста на парламентарните избори е малку повисока односно 4,45 проценти.

    Како што кажа на првата прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, според податоците од 1.009 избирачки места за претседатеслките избори најголема излезноста има во Пробиштип од  8,85 отсто, а најмала во Боговиње 0,57 отсто. Споредено со вториот круг на претседателските избори во 2019, излезноста е намалена за 1,99 отсто.

    За парламентарни избори според податоците од 1.033 избирачки места, најголема излезност има во Кривигаштани 9,46 отсто , а најмала во Боговиње 1,43 отсто. Споредбено со парламентарните избори во 2020 има помала излезност за 0,74 отсто.

    „Од тоа што го гледаме од податоците овде апсолутно нема бојкот на претседателските избори, оти речиси иста е излезноста и на парламентарните и на претседателските избори“, рече Даштевски одговарајќи на новинарско прашање дали има бојктот на вториот круг претседателски избори.

    По изборни единици, како што беше кажано на прес-конференцијата на ДИК, излезноста во првата изборна единица е 4,85 отсто, во двојката 3,64 отсто, а во третата изборна единица до 9 часот има најголема излезност од 6,26 отсто. Во четвртата изборна единица излезноста е 5,52 отсто, во петката 4,41 отсто, додека во шестата изборна единица има најмала излезност од 2,24 отсто.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира