Актерот Благој Веселинов, ѕвездата на „Исцелител“, наградуваното деби на Ѓорче Ставрески, е меѓу 10-те најдобри актерски таленти во подем во Европа и вгодина на 69. Берлинале ќе ја добие наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП).
Меѓу 5-те актерки и 5-те актери годинешните добитници се од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија. Наградените, од 8 до 11 февруари добиваат можност за претствување пред филмската индустрија и критика за време на Берлиналето, а наградата ќе им биде врачена на церемонијата на свеченото затварање на фестивалот.
„Шутинг старс“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на европскиот палент на меѓународниот филмски маркет, а од првата награда во 1998 досега на Берлиналето како еден од најголемите филмски фестивали во светот се претставени 303 наградени актери и актерки, што било пресвртна точка за многумина од нив, меѓу кои и оскаровката Алисија Викандер.
Од Македонија оваа награда ја добија Лабина Митевска во 2009, Наташа Петровиќ во 2011.