АКТЕРОТ БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ НАГРАДЕН МЕЃУ 10. НАЈДОБРИ ЕВРОПСКИ ТАЛЕНТИ ВО ПОДЕМ

    АКТЕРОТ БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ НАГРАДЕН МЕЃУ 10. НАЈДОБРИ ЕВРОПСКИ ТАЛЕНТИ ВО ПОДЕМБлагој Веселинов на 69. Берлинале ќе ја добие наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП); - Со режисерот Ѓорче Ставрески и Анастас Тановски на премиерата на „Исцелител“ во Скопје (Фото: М. Златевска)

    Актерот Благој Веселинов, ѕвездата на „Исцелител“, наградуваното деби на Ѓорче Ставрески, е меѓу 10-те најдобри актерски таленти во подем во Европа и вгодина на 69. Берлинале ќе ја добие наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП).

    Меѓу 5-те актерки и 5-те актери годинешните добитници се од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија. Наградените, од 8 до 11 февруари добиваат можност за претствување пред филмската индустрија и критика за време на Берлиналето, а наградата ќе им биде врачена на церемонијата на свеченото затварање на фестивалот.

    „Шутинг старс“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на европскиот палент на меѓународниот филмски маркет, а од првата награда во 1998 досега на Берлиналето како еден од најголемите филмски фестивали во светот се претставени 303 наградени актери и актерки, што било пресвртна точка за многумина од нив, меѓу кои и оскаровката Алисија Викандер.

    Од Македонија оваа награда ја добија Лабина Митевска во 2009, Наташа Петровиќ во 2011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира