АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ ОД УТРЕ ЌЕ ПРИМА ПОСЕТИТЕЛИ, ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е НОСЕЊЕ МАСКА

    АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ ОД УТРЕ ЌЕ ПРИМА ПОСЕТИТЕЛИ, ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е НОСЕЊЕ МАСКАМузејот работи од вторник до недела од 10 до 18 часот, засега може да се види постојаната поставка, а за во иднина најавуваат новите проекти. (Фото: СДК.МК )

    Археолошкиот музеј од утре повторно ќе биде отворен за посетители, согласно препораките и новиот протокол за посета на музеј, соопшти Музејот.

    Од Музејот велат дека станува збор за следниот протокол:

    • Носењето маска е задолжително во текот на целата посета
    • Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот
    • Одржување дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетара, како и во поставката
    • Препорачуваме бесконтактно плаќање со картичка
    • Забрането допирање на изложените експонати

    Од Музејот велат дека на влезот е поставен бесконтактен апарат за дезинфекција на раце, донација од Руската амбасада во Скопје.

    Музејот работи од вторник до недела од 10 до 18 часот, засега може да се види постојаната поставка, а за во иднина најавуваат новите проекти.

    Со одлука на Владата, на 10 март како превентивна мерка од ширење на коронавирусот, беа затворени прво сите воспитно-образовни институции, а потоа и сите установи од областа на културата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира