ДИРЕКТОРКАТА НА ДРАМСКИ РАНГЕЛОВА-ПЕТРОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО ЗАЕВ ПРЕД 2 МЕСЕЦА ПОБАРА РАЗРЕШУВАЊЕ

    ДИРЕКТОРКАТА НА ДРАМСКИ РАНГЕЛОВА-ПЕТРОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО ЗАЕВ ПРЕД 2 МЕСЕЦА ПОБАРА РАЗРЕШУВАЊЕДосегашната директорка на Драмскиот театар Викторија Рангелова-Петровска поднесе оставка, а Министерството за култура ќе назначи в. д. директор од редот на вработените. - Рангелова-Петровска (лево) на прес-конференција на Охридско лето за премиерата на „Несоодветно за на работа“ (Фото: Охридско лето)

    Директорката на Драмски театар Викторија Рангелова-Петровска поднесе оставка, откако премиерот Зоран Заев на 17 јули препорача нејзино разрешување, потврди Министерството за култура.

    На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК до Министерството за култура до каде е постапката на разрешување на Рангелова-Петровска, од кабинетот на министерот Хусни Исмаили ни рекоа: „Досегашната директорка на Драмскиот театар, Викторија Рангелова-Петровска до Министерството за култура достави оставка по што, согласно законските процедури, ќе се назначи вршител на должноста директор на оваа национална установа од редот на вработените“.

    Драматургот Рангелова-Петровска лани на 3 септември беше назначена на местото на дотогашниот в. д. директор Сашо Тасевски. Таа е авторка на неколку драми кои биле поставени на театарската сцена, како „Слипери пипл“, „Фотографии“, „Такси 49“, „Место каде сум“, како и драмите за деца „Мала магична приказна“ и „Дедо Мраз во розово“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира