ФИЛХАРМОНИЈАТА ДОБИ ТЕХНИЧКА ДОЗВОЛА ЗА НОВ ПОЧЕТОК, ОТВОРАЊЕТО Е ВЕЧЕРВА

    ФИЛХАРМОНИЈАТА ДОБИ ТЕХНИЧКА ДОЗВОЛА ЗА НОВ ПОЧЕТОК, ОТВОРАЊЕТО Е ВЕЧЕРВАКонцертот е симболично насловен „Нов почеток“, солист е пијанистот Дино Имери, а диригент Борјан Цанев. Од денешната генерална проба (Фото : Ѓ.Личовски)

    Новата сала на Македонската филхармонија денес претпладне ја доби дозволата за технички прием, и со тоа, вечерва во 20 часот, свечено и официјално ќе почне новата сезона.

    Објектот на  Филхармонијата, без технички прием на 21 мај го отвори претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов и тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со премиерот Емил Димитриев, министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска и директорката Маја Чанаќевиќ.

    Концертот за вечерашниот старт е симболично насловен „Нов почеток“, ќе диригира Борјан Цанев , а пијанистот Дино Имери ќе го свири еден од најпопуларните концерти за клавир и оркестар од Чајковски, бр 1.

    Вториот дел од програмата е посветен на „Римски фонтани“ од Респиги и „Ѓаволштините на Тил Ојленшпигел оп.28“ од Рихард Штраус. Вечерашниот концерт е распродаден.

    Идејното решение на новата зграда е на архитектот Виктор Михајлов, а пак ентериерот е на српскиот архитект Зоран Ѓорѓевиќ ( Фото: Ѓ.Личовски)

    В.д директорот на Филхармонијата Виктор Илиески и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, денес ги прошетаа медиумите низ новиот објект каде финишираа подготовките за вечерашната свеченост.

    Илиески повтори оти иако е познато дека дека салата беше свечено отворена на 21 мај, тоа , како што рече, повеќе наликуваше на парада за сликање, а објектот не беше завршен,и затоа тој како директор ја превезема одговорноста за доцнењето на новата концертна сезона која требаше порано да почне.

    Малата сала е мултифинкционална, седиштата може да се склопат доколку сцената се користи за театарски или балетски претстави (Фото : Ѓ.Личовски)

    За свеченото отворање беа во функција само два тоалета за гостите, два тоалета за музичарите и неколку гардероби. Објектот целиот не е во функција, на малата сала уште се работи, а во неделата за момент беа тргнати скелињата во меѓупросторите.

    Според Алаѓозовски , долгот од 15 милиони евра на Министерството за култура кон австриската фирма „Штрабаг“ која ја градеше зградата ќе се плаќа етапно.

    Идејното решение на новата зграда е на архитектот Виктор Михајлов, а пак ентериерот е на српскиот архитект Зоран Ѓорѓевиќ.

    Има голема сала од 960 седишта плус седиштата на двата балкони, а пак малата сала има 312 седишта.

    Малата сала е мултифинкционална, седиштата може да се склопат доколку сцената се користи за театарски или балетски претстави.

    Во новата сала има поставено 63 камери (Фото : Ѓ.Личовски)

    На приземјето има гардеробери за 1.000 гости, а на првиот спрат, за 200.

    Влезовите и за малата и за големата сала се на првиот спрат, а може да се влезе и од вториот спрат.

    За лицата со хендикеп има патека, како и лифтови.

    Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и в.д директорот на Филхармонијата Виктор Илиески денес пред финалните подготвки за свеченото отворање (Фото: Ѓ.Личовски)

    Вработените во Филхармонијата велат дека во моментов поседуваат најмодерна опрема за снимање на концерти и албуми, која е сместена во студиото на приземјето.

    Секоја група на музичари, дали се кларинети, флејти, имаат посебна соба за вежбање, а има и 10 индивидуални простории за проби.

    Секоја соба има директен приклучок во студиото за потребите за снимање.

    Билетарницата е на првиот спрат, од кај страната на Средното музичко училиште.

    Преносот од вечерашното отворање ќе оди во живо на Македонската радио и телевизија.

    Б.НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира