ФИЛМОТ „СЕСТРИ“ НА ДИНА ДУМА ВО ТРКА ЗА НАГРАДА ВО ПРОГРАМАТА ИСТОЧНО ОД ЗАПАДОТ ВО КАРЛОВИ ВАРИ

    ФИЛМОТ „СЕСТРИ“ НА ДИНА ДУМА ВО ТРКА ЗА НАГРАДА ВО ПРОГРАМАТА ИСТОЧНО ОД ЗАПАДОТ ВО КАРЛОВИ ВАРИДина Дума го снимаше филмот низ Скопје во 2019. (Фото: Лист продукција)

    „Сестри“, првиот долгометражен филм на режисерката Дина Дума, влезе во конкуренција за награди во програмата Источно од Западот на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, еден од најстарите фестивали од А листата.

    На 55. издание на фестивалот, кое ќе се одржи од 20 до 28 август, ќе има 32 премиери во склоп на двете натпреварвачки програми Кристален глобус и Источно од Западот, како и програмата со специјални проекции.

    „Сестра” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување, а во главните улоги се Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. (Фото: КВИФФ)

    Во селекцијата Источно од Западот влегуваат први или втори долгометражни филмови на авторите и документарци од Централна и Источна Европа, Балканот, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Средниот исток и Северна Африка. Станува збор за филмови кои ќе имаат светска или европска премиера на овој фестивал.

    „Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување. Во главните улоги се Антонија Белазелкоска и Миа Жиро.

    Продуцентка е Марија Димитрова, сценариото е на Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата ја правеа Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите Роза Трајческа-Ристовска, а шминката е на Жанета Димитриевска.

    Дума го сними филмот во 2019, на урбани локации низ Скопје во продукција на „Лист“.

    „Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и е регионална копродукција со Црна Гора и Косово.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира