ФИЛМОВИ НА КОТЕВСКА, АПЧЕВСКА И НОВАКОВА ВО СЕЛЕКЦИИТЕ ЗА НАГРАДИ НА САРАЕВСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    ФИЛМОВИ НА КОТЕВСКА, АПЧЕВСКА И НОВАКОВА ВО СЕЛЕКЦИИТЕ ЗА НАГРАДИ НА САРАЕВСКИОТ ФЕСТИВАЛКотевска, Апчевска и Новакова ќе се тркаат за наградите Срце на Сараево. (Фото: К. Попов/Гети/А. Ивановска)

    Три македонски филмови од три режисерки се во селекциите за наградите Срце на Сараево на 27. Сараевски филмски фестивал, кој ќе се одржи од 13 до 20 авуст. Во програмата за кратки филмови, меѓу 10 наслови, светска премиера ќе има „Соло мод“ на Тамара Котевска (копродукција на Македонија, Турција и САД). Котевска заедно со Љубо Стефанов се автори на документарниот „Медена земја“ кој лани имаше историски две номинации за Оскар, за најдобар документарец и најдобар странски филм.

    По светската премиера и селекцијата за Златна палма за краток филм во Кан, „Северен пол“ на Марија Апчевска ќе има регионална премиера во Сараево.

    Документарниот филм „Пореметена Земја“ на Кумјана Новакова и Гилјермо Карерас-Канди (копродукција на БиХ, Шпанија и Македонија) ќе има светска премиера во програмата за документарци за 2021. Во оваа селекција се 16 филмови.

    Долгометражниот филм „Во потрага по Венера“ на косовската дебитантка Норика Сефа во копродукција меѓу Косово и Македонија, кој освои Специјалната награда на жирито на фестивалот во Ротердам, ќе се прикаже во програмата за долгометражни филмови.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира