ГЕНА ТЕОДОСИЕВСКА НОВА ДИРЕКТОРКА НА „БРАЌА МАНАКИ“, ИГОР ИВАНОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРУШТВОТО НА ФИЛМСКИ РАБОТНИЦИ

    ГЕНА ТЕОДОСИЕВСКА НОВА ДИРЕКТОРКА НА „БРАЌА МАНАКИ“, ИГОР ИВАНОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРУШТВОТО НА ФИЛМСКИ РАБОТНИЦИТеодосиевска и Иванов- Изи се избрани на денешното годишно собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија

    Режисерот Игор Иванов – Изи е избран за претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија, а филмската критичарка и новинарка  м-р Евгенија Теодосиевска за нова директорка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Новите директори се избрани на денешното годишно собрание на ДФРМ, а доаѓаат на местата на продуцентот Роберт Насков и на филмскиот критичар и уредник Благоја Куновски – Доре.

    За претседател на Друштвото Иванов-Изи беше единствен кандидат, додека за директор на „Браќа Манаки“ се пријавила и продуцентка и актерка Лабина Митевска, која во два мандати беше директорка на фестивалот.

    Иванов е режисер на краткиот филм „Бубачки“, долгометражните „Превртено“ и „Соба со пијано“, на епизоди од ТВ – сериите „Инсајдер“, „Преспав“, „Наше Маало“, „Пет плус“, една епизода од српската „Сенки над Балканот“, како и на документарците „Кавал“ и „Гајда“.

    Теодосиевска е долгогодишен истакнат филмски критичар и новинар во МРТВ. Од 2008 е дел од фестивалот, како селектор на програмата за документарен филм, а во изминативе две години, во мандатот на Куновски – Доре, Теодосиевска беше уметничка директорка.

    Теодосиевска е членка на Советот за култура, како стручно и советодавно тело на министерот за култура. Таа е сопруга на Златко Теодосиевски, советник на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира