„ИСЦЕЛИТЕЛ“ НА СТАВРЕСКИ Е МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА ОСКАР ЗА ФИЛМ ОД НЕАНГЛИСКО ГОВОРНО ПОДРАЧЈЕ

    „ИСЦЕЛИТЕЛ“ НА СТАВРЕСКИ Е МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА ОСКАР ЗА ФИЛМ ОД НЕАНГЛИСКО ГОВОРНО ПОДРАЧЈЕ„Исцелител“, дебито на режисерот Ѓорче Ставрески во текот на годинава освои повеќе награди, како: наградата за најдобар филм во меѓународната селекција на фестивалот во Санта Барбара, Калифорнија, признанието од публиката во Солун и за најдобро сценарио на Фестивалот на медитерански филм во Брисел

    Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е македонски кандидат за Оскар во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2019 година.

    Одлуката ја донеде комисијата при Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, актерките Ирена Ристиќ и Амернис Нокшиќи, композиторот Горан Трајкоски, уметникот и сценограф Игор Тошевски, режисерот Даријан Пејовски и кинематограферот Наум Доксевски.

    Од ДФРМ велат дека во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши и „Ругање со Христос“ во режија на Јани Бојаџи.

    Деведесет и првото издание на Оскарите, најпрестижната филмска награда која ја доделува Академијата за филмска уметниост и наука ќе се одржи на 24 февруари 2019 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира