ЈАПОНСКИОТ БАЛЕТАН ЌЕ СИ ГИ ЗЕМЕ ПАРИТЕ ШТО МУ ГИ ДОЛЖИ МИНИСТЕРСТВОТО И ЌЕ СИ ОДИ ОД МАКЕДОНИЈА

    ЈАПОНСКИОТ БАЛЕТАН ЌЕ СИ ГИ ЗЕМЕ ПАРИТЕ ШТО МУ ГИ ДОЛЖИ МИНИСТЕРСТВОТО И ЌЕ СИ ОДИ ОД МАКЕДОНИЈАНа профилот на Кенто Терашита сѐ уште стигнуваат понуди од граѓани и здравствени установи околу околу храна, хигиенски средства и здравствена услуга. (Фото: Фејсбук)

    Јапонскиот балетан во Македонската опера и балет (МОБ) Кенто Тирашита, кој вчера побара помош на Фејсбук бидејќи три месеци нема добиено хонорар од Министерството за култура, денеска наеднаш ќе ги добие задоцнетите пари за три месеци, вели в.д директорот на МОБ, Ќазим Асотиќ.

    Тирашита, кој од 2016 година е ангажиран како хонорарен балетски уметник во МОБ, се пожали на Фејсбук дека нема пари за да си купи храна, вода, сапун, дека има повреда на зглобот и дека мора итно да оди на терапија.

    Директорот вели дека утрово се сретнал со Тирашита и со негов адвокат, кој рекол дека немал никава лоша намера да наштети на институцијата ниту пак очекувал да стане ѕвезда во медиумите, туку едноставно не знаел веќе како да побара помош.

    Тирашита најавил дека сака предвреме да го раскине договорот со МОБ, кој се потпишува на годишно ниво, и во случајов требало да трае до декември, и после 15 април ќе си замине за Јапонија.

    Министерот за култура Роберт Алаѓозовски вчера рече дека МОБ се наоѓа во тешка ситуација, но ќе најдат решение за итно исплаќање на парите.

    „Има најмалку деветмина надворешни членови во МОБ, на кои поради тешката состојба во која се наоѓа институцијата, не им се исплатени нивните примања за подолг период. Веќе имав разговор со директорот Ќазим Асотиќ и во рамките на нашите можности ќе пристапиме кон итно исплаќање и надминување на овој проблем“, кажа Алаѓозовски.

    Асотиќ додава дека денес сите надворешни членови ќе ги добијат задоцнетите хонорари.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира