„ЈАС БИ НА МОНОДРАМА“, АМА ФЕСТИВАЛОТ ВО БИТОЛА Е ОДЛОЖЕН ЗА НАЕСЕН

    „ЈАС БИ НА МОНОДРАМА“, АМА ФЕСТИВАЛОТ ВО БИТОЛА Е ОДЛОЖЕН ЗА НАЕСЕНФестивалот на монодрама според планираното требаше да почне в петок, но се одложува за есенва. - Од ланското издание на Фестивалот. (Фото: Центар за култура Битола )

    „Јас би на монодрама“, ваков слоган на социјалните мрежи напишаа љубителите на оваа театарска форма покажувајќи дека им недостасува Фестивалот на монодрама кој требаше да се одржи деновиве. Поради опасноста од ширење на корнавирусот, 22. издание на овој интерационален фестивал е одложено за наесен. Доколку не беше пандемијата, Фестивалот ќе почнеше овој петок. За првпат во неговата историја, Монодрамата ќе има прекин во одржувањето.

    „Под знак прашалник е дали фестивалот ќе се случи воопшто оваа година. Подготовките беа во завршна фаза. Имавме голема конкуренција, селектирани беа претстави од девет земји, меѓу кои и две од нашата држава. Размислувавме фестивалот да го продолжиме за уште еден ден, вкупно пет, зашто невозможно беше во четири дена да сместиме 14 монодрами“, вели Маја Андоновска-Илијевски, директорка на Центарот за култура во Битола, организатор на Фестивалот.

    За разлика од лани, кога Министерството за култура го остави Фестивалот на монодрама  без ниту еден денар, сам да се снаоѓа, годинава им додели 400.000 денари. Минатата година Фестивалот се одржа со средства обезбедени од Центарот за култура, локалната власт и донатори.

    „Најверојатно, ќе има некаков ребаланс на буџетот за култура. Но, средства за фестивалот секако дека ќе има и доколку се одржи наесен. Тоа што одлучивме да го правиме како програма, останува. Но, под знак прашалник е дали воопшто ќе се одржи, зашто голем дел од гостите треба да дојдат авионски. Некои од нив имаа набавено карти за сега, но им пропаднаа“, вели Андоновска-Илијевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира