КОСАРА МИТИЌ И МАРЈАН ГАВРИЛОВСКИ ДОБИЈА ПОДДРШКА ЗА ДЕБИТАНТСКИТЕ ФИЛМОВИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

    КОСАРА МИТИЌ И МАРЈАН ГАВРИЛОВСКИ ДОБИЈА ПОДДРШКА ЗА ДЕБИТАНТСКИТЕ ФИЛМОВИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМРежисерката Косара Митиќ доби 345.000 евра за проектот „19“. (Фото: Фејсбук)

    Косара Митиќ и Марјан Гавриловски ќе дебитираат со долгометражни играни филмови откако добија поддршка од Агенцијата за филм на првиот конкурс за 2021. Митиќ доби 23 милиони денари (околу 345.000 евра) за проектот „19“ во продукција на „Црна мачка продукција“, а Гавриловски за „Мравките владеат со светот“ во продукција на „Тајм лапс“ доби 15 милиони денари (околу 244.000 евра). Вон двајцата дебитанти, на овој конкурс не е поддржан ниеден друг долгометражен игран филм со македонски мнозински удел.

    Поддржани се и два долгометражни документарци, на Мерита Сали и Никола Калајџиски, како и 11 краткометражни играни филмови од кои 6 играни, 3 документарни и 2 анимирани.

    Со вкупно 11,5 милиони денари (околу 187.000 евра) поддржани се 4 проекти во кои Македoнија е малцински копродуцент, на режисерите Дино Мустафиќ, Гојко Беркуљан, Плутон Власи и Арчинда Морина.

    „На конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм во прв рок на одлучување аплицираа вкупно 53 проекти, од кои 36 долгометражни (играни, документарни и анимирани) и 17 краткометражни играни, документарни и анимирани. Вкупниот буџет за поддршка на овие проекти изнесува 71.4 милиони денари (околу 1,1 милиони евра). Резултатите се од конкурсот објавен во март годинава (прв рок на одлучување), додека по донесена одлука од страна на Филмскиот совет, продолжен е крајниот датум за пријава по вториот Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм до 31.08.2021 година“, соопшти Агенцијата за филм.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира