ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЌЕ МОЖЕ СО КУЧЕ-ПРИДРУЖНИК ДА ВЛЕЗАТ ВО АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ

    ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЌЕ МОЖЕ СО КУЧЕ-ПРИДРУЖНИК ДА ВЛЕЗАТ ВО АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈВо Археолошкиот музеј до крајот на август ќе биде отворена изложбата „100 години Требениште“, со над 400 артефакти од некрополата во Требениште, Охрид, заедно со прочуените златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и Македонија (Фото: К. Попов)

    Лицата со попреченост ќе можат да влезат со своите кучиња-придружници во Археолошкиот музеј. Од Музејот велат дека објектот ги исполнува сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и дека располага со лиценцирани водичи за лица со попреченост.

    „Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување на свеста и овозможување слободен пристап на кучињата-придружници“, велат од Археолошкиот музеј.

    Музејот е отворен секој ден од 10 до 18 часот, освен понеделник. Во тек е ексклузивната изложба „100 години Требениште“, со над 400 артефакти од некрополата во Требениште, Охрид, заедно со прочуените златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и Македонија.

    Минатата недела ЈСП „Скопје“ донесе одлука дека лицата со посебни потреби ќе можат со куче-придружник да се возат во автобусите на ЈСП „Скопје“ и жичницата на Водно. Од претпријатието рекоа дека оваа одлука е донесена со оглед на фактот дека кучињата-придружници се од голема помош на за овие лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира