ЛУЃЕТО СЕ СМЕАТ, НО ПРЕТСТАВАТА ВООПШТО НЕ Е СМЕШНА, РЕЧЕ КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „ДА ЖИВЕЕ ДОЛНА ДУПКА“ КОЈА ЗБОРУВА ЗА КОРУПЦИЈАТА

    ЛУЃЕТО СЕ СМЕАТ, НО ПРЕТСТАВАТА ВООПШТО НЕ Е СМЕШНА, РЕЧЕ КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „ДА ЖИВЕЕ ДОЛНА ДУПКА“ КОЈА ЗБОРУВА ЗА КОРУПЦИЈАТААктерот Ѓокица Лукаревски меѓу гостите на премиерата на претставата на Коле Ангеловски. (Фото: К. Попов)

    „Луѓето се смеат, но ова воопшто не е смешно“, ни рече режисерот Коле Ангеловски по премиерата на претставата „Да живее Долна Дупка“, сношти во Театар Комедија во Скопје.

    Акетрите Горан Ников и Јаков Спасов (десно) во претставата (Фото: К. Попов)

    Доајенот на македонските филм и театар го напиша текстот и ја режираше претставата која на комичен начин зборува за митото и корупцијата во Македонија. Градоначалникот на Долна Дупка, кој го игра Горан Ников, и неговиот тим живеат од европски субвенции за проекти кои не ги направиле.

    Министерот за култура Зоран Љутков со сопругата, актерката Маја Љутков и директорот на Театар Комедија, Дарко Спасов. (Фото: К. Попов)

    Братот на градоначалникот кој на 34 години е уште во основно училиште го игра Јаков Спасов, лојалната секретарка Жаклина Стевковска, а инспекторот од ЕУ кој доаѓа да ги провери лажните проекти Роберт Ристов. Одлично избраната актерска екипа доби големи аплаузи на крајот, како и режисерот.

    Жаклина Стевковска доби голем аплауз на крајот. (Фото: К. Попов)

    „Оваа претстава е направена без помош од Министерството за култура, туку со пари од Театарот Комедија и благодарение на директорот Дарко Спасов“, рече Ангеловски кој доби овации од публиката.

    Актерот Драган Спасов-Дац чиј чин глуми во претставата се качи на сцената да им честита на колегите.

    Актерката Катерина Коцевска. (Фото: К. Попов)

    „Сите идеи за претставата ми доаѓаа наутро, додека ги шетав кучињата“, ни рече Ангеловски по премиерата.

    За време на претставата, додека се менуваат сцените, на видеобим се испишани информации за состојбата во Македонија како: „Автопатот од Кичево до Охрид, во должина од 34 километри се гради подолго од десет години“ и „За една година се затворени 14 основни училишта во Македонија“.

    Актерот Драган Спасов- Дац. (Фото: К. Попов)

    Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Марија Ѓоргиевска, а музиката на Оливер Митковски. Пред претставата, џез во лобито на театарот свиреше триото со Кирил Кузманов на саксофон, Оливер Јосифовски на контрабас и Давор Јордановски на клавир.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира