МЕ ПРОВОЦИРААТ ЛИЦЕМЕРИЕТО И ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ, ВЕЛИ БИТОЛСКИОТ РЕЖИСЕР МАРТИН КОЧОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МЕ ПРОВОЦИРААТ ЛИЦЕМЕРИЕТО И ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ, ВЕЛИ БИТОЛСКИОТ РЕЖИСЕР МАРТИН КОЧОВСКИ

    Мартин Кочовски ќе го режира и затворањето на 37. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, в сабота во Битола. Кочовски го режираше отворањето на фестивалот, со непуританските сцени со голи актери, што на извесни битолчани оим пречеше оти го сметаа за неприкладно  затоа што во салата бил претседателот Иванов и имало други видни гости. Поголемиот дел од публиката, пак, го доживеаа како раѓање на ново време и уметност со вистински вредности.
    Кочовски за битолската телевизија „Тера “ изјави дека на сцена имало голи актери зашто перформансот се викал „Раѓање“, а луѓето се раѓаат голи. Додаде дека само во Македонија се соочува со критики од ваков тип, но дека нема намера да се занимава со неписмени.

    „Црвениот тепих и лицемерието на правење култура во Македонија, исклучително ме провоцира и морам да се реванширам како уметник, тоа е еден вид одговор на неписменоста и стравот од човечките работи“, вели режисерот Мартин Кочовски, кој  ќе го режира и затворањето на 37. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, в сабота во Битола

    „Лицемерието на граѓанското општество во Македонија исклучително ме провоцира и ова беше одговор на сето тоа. Значи, црвениот тепих и лицемерието на правење култура во Македонија, исклучително ме провоцира и морам да се реванширам како уметник. Дури и сум должен, зашто тоа ми е професијата, морам да го изразам. Тоа е еден вид одговор на неписменоста и стравот од човечките работи. Сѐ што е човечко мене не ми е туѓо. Тоа е правило уште од Римјаните и функционира насекаде, во сите времиња и општества, освен кај нас и во некои други фашистички општества“, рече Кочовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира