МСУ ГИ ИЗЛОЖУВА ПОДАРЕНИТЕ ДЕЛА ОД ЧЕХОСЛОВАЧКА

    МСУ ГИ ИЗЛОЖУВА ПОДАРЕНИТЕ ДЕЛА ОД ЧЕХОСЛОВАЧКАВо колекцијата на МСУ со уметност од Чехословачка има 265 дела од 92 автори, а на изложбата ќе се претстават 65 дела (Фото: МСУ)

    Шеесет и пет дела од поранешна Чехословачка од колекцијата на Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје содржи изложбата „Подарени дела од Чехословачка“, која ќе се отвoри денес во 18 часот.

    Кураторката на изложбата Марика Бочварова-Плавевска вели дека во селекцијата на делата, во кои се опфатени сликарството, графиката, скулптурата и цртежот, се дистанцирале од историско-политичките димензии, и дека акцентот е ставен на 1918, годината кога е формирана заедничката држава Чехословачка.

    Акцентот на селектираните дела е ставен на 1918, годината кога е формирана заедничката држава Чехословачка (Фото: МСУ)

    „Во периодот на очекуваната транзиција и одбегнувањето на директната конфронтација со советскиот режим, особено за време на Прашката пролет 1968 година, Националната галерија во Прага се реши да одвои важен дел од сопствената релевантна колекција (12 дела), за да ја дополни тогаш младата колекција на МСУ, Скопје. Денес во колекцијата се наоѓаат 265 дела од 92 автори од Чехословачка“, вели Бочварова-Плавевска.

    Дело на Адолф Хафмајстер (Фото: МСУ)

    На отворањето на изложбата ќе говорат директорката на МСУ, Мира Гаќина, амбасадорот на Чешка Мирослав Томан, амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш и министерот за култура Асаф Адеми.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари