МСУ УТРЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА НА ОТКУПЕНИ И ДОНИРАНИ ДЕЛА ОД 35 МАКЕДОНСКИ АВТОРИ

    МСУ УТРЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА НА ОТКУПЕНИ И ДОНИРАНИ ДЕЛА ОД 35 МАКЕДОНСКИ АВТОРИГлигор Стефанов ги подари сите свои дела од ретроспективната изложба во МСУ (Фото: МСУ)

    „Аквизиции – донации 2017-2021“ е насловена изложбата што утре на пладне ќе биде отворена во Музејот на современата уметност во Скопје. Кураторки се Ива Димовски и Бојана Јанева.

    Изложбата содржи 72 дела од 35 домашни автори, од кои осум се откупени од Министерството за култура, а 64 му се донирани на Музејот од 2017 година наваму. Меѓу нив се и досега невидени дела од Личеноски, Мартиноски, Пандилов, Владимирски, Аврамовски…

    „Овој принцип на претставување донирани и откупени дела пред јавноста Музејот го негува уште од 1963. До 2000, МСУ организираше две засебни поставки ‘Подарени дела‘ и ‘Аквизиции‘, кои првпат се спојуваат во една изложба, ‘Донации – аквизиции 1987-2000‘. Збогатувањето на колекцијата преку откупна политика и понатаму останува ненадминат проблем, но затоа Музејот изразува огромна почит и благодарност до уметниците и донаторите, кои продолжуваат несебично да ја збогатуваат колекцијата на МСУ“, вели Димовски.

    Една од позначајните донации е оставнината на проф. д-р Радмила Угринова-Скаловска, која се состои од 37 уметнички дела, а уметникот Глигор Стефанов ги подари сите негови дела од ретроспективната изложба, реализирана пред неколку години во МСУ.

    На изложбата ќе има слики, скулптури, графики, акварели, цртежи, видео и инсталации од авторите Драгутин Аврамовски-Гуте, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Мира Апостоловска, Љубомир Белогаски, Жанета Вангели, Иван Велков, Томо Владимирски, Кирил Гегоски, Владимир Георгиевски, Божидар Дамјановски, Катја Ефтимова, Беди Ибрахим, Богољуб Ивковиќ, Александар Јанкуловски-Цане, Ристо Калчевски, Киро Караџа, Миле Корубин, Вангел Коџоман, Зоран Малиновски, Власе Николески, Трајче Николовски, Данчо Ордев, Благоја Попоски, Кристина Пулејкова, Исмет Рамиќевиќ, Александар Ристески, Глигор Стефанов, Ана Темкова, Симон Узуновски, Никола Фидановски, Слободан Филовски, Симон Шемов и Теофил Шулајковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира