НА 27 НОЕМВРИ ВО МНТ ПРЕМИЕРА НА „ЦРНО ЗЛАТО“ ОД ДУКОВСКИ, ВО РЕЖИЈА НА УНКОВСКИ

    НА 27 НОЕМВРИ ВО МНТ ПРЕМИЕРА НА „ЦРНО ЗЛАТО“ ОД ДУКОВСКИ, ВО РЕЖИЈА НА УНКОВСКИДизајнот на плакатот и програмскиот каталог е на „Публицис“. - Камка Тоциновски е дел од екипата

    На 27 ноември во Македонскиот народен театар (МНТ) од 20 часот премиерно ќе се изведе претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски. Претпремиерната изведба е закажана за 26 ноември.

    Во претставата играат Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски. Сценографијата е на Бранко Хојник, костимите на Александар Ношпал, а музиката на Златко Ориѓански. Асистентка на режисерот е Звездана Ангеловска, асистент на сценографот Мартин Манев, а асистент на костимографот Никола Булески.

    По премиерата, претставата ќе биде на репертоарот на МНТ и на 1, 4 и 29 декември

    „Црно злато“ е нов текст на Дуковски, кој праизведба имаше во Београдско драмско позориште.

    Унковски последен пат режираше во МНТ во 2022, кога ја постави претставата „Сите сме птици“, според текстот на современиот либанско-канадски автор Важди Муавад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира