НА 32 ГОДИНИ ПОЧИНА ЧАРЛБИ ДИН, АКТЕРКАТА ОД КАНСКИОТ ПОБЕДНИК „ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА“

    НА 32 ГОДИНИ ПОЧИНА ЧАРЛБИ ДИН, АКТЕРКАТА ОД КАНСКИОТ ПОБЕДНИК „ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА“Дин имаше главна улога во „Триаголник на тагата“, сатирична црна комедија на Рубен Остлунд. (Фото: Гети)

    Чарлби Дин, јужноафриканска младa актерка во подем која глумеше во годинашниот добитник на Златната палма „Триаголник на тагата“, почина вчера во Њујорк од ненадејна болест, потврди „Вараети“. Имаше 32 години.

    Дин играше и во серијата на ДЦ Комикс „Црна молња“. Таа ја играше атентаторката Сионид во девет епизоди и две сезони. Како актерка дебитираше во јужноафриканскиот филм „Компир“ во 2010, а играше и во продолжението во 2013 „Компир 2: Лудилото продолжува“.

    „Триаголник на тагата“, сатирична црна комедија во режија на Рубен Остлунд, е нејзиниот прв голем филм. Дин имаше главна улога заедно со Харис Дикинсон. Тие играат славна двојка инфлуенсери, Карл и Јаја, кои се поканети на крстарење за ултрабогатите, кога работите тргнуваат на лошо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира