„ОТВОРЕНА ВРАТА“ НА ДЕБИТАНТОТ ПАПАС ВО МАКЕДОНСКА КОПРОДУКЦИЈА Е КАНДИДАТ ЗА ОСКАР НА АЛБАНИЈА

    „ОТВОРЕНА ВРАТА“ НА ДЕБИТАНТОТ ПАПАС ВО МАКЕДОНСКА КОПРОДУКЦИЈА Е КАНДИДАТ ЗА ОСКАР НА АЛБАНИЈАФилмот е копродукција меѓу „Бункер филм+“ од Албанија, а копродуценти се „Сиркл филм“ од Косово, „Лупин филм“ од Италија и „Авард филм и видео“ од Македонија, а со поддршка и на Еуримаж,а македонската премиера беше лани на „Браќа Манаки“. (Фото: „Браќа Манаки“)

    „Отворена врата“, дебитантскиот филм на албанскиот автор Флоренц Папас во кој има и македонско учество, е кандидат за Оскар од Албанија во категоријата за најдобар странски филм. Филмот е копродукција меѓу „Бункер филм+“ од Албанија, а копродуценти се „Сиркл филм“ од Косово, „Лупин филм“ од Италија и „Авард филм и видео“ од Македонија, а со поддршка и на Еуримаж.

    „Отворена врата“ се снимаше во Албанија, Косово, Италија и Македонија во 2018, а е приказна за мажена жена и нејзината бремена сестра кои се обидуваат да најдат маж за да глуми нејзин сопруг пред средбата со нивниот, строг традиционален татко.

    Како македонски дел од екипата во проектот учествуваат и актерот Висар Вишка, композиторот Александар Пејовски, Фејми Даут како прв асистент на камера, дизајнерот на звук Игор Поповски од студиото Аудиохаус, заедно со целосната екипа на секторот звук составена од Ристо Алчинов, Илија Цветковски, Драган Спасов, Ненад Стефаноски и Леотрим Вока.

    Филмот светската премиера ја имаше лани на Сараевскиот фестивал, а македонската беше на „Браќа Манаки“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира