ПАТУВАЧКА ФОТО ИЗЛОЖБА ЗА СПОМЕНИЦИИТЕ ОД НОБ НА ГЕРМАНЕЦОТ МАРКО КРОЈАЧ

    ПАТУВАЧКА ФОТО ИЗЛОЖБА ЗА СПОМЕНИЦИИТЕ ОД НОБ НА ГЕРМАНЕЦОТ МАРКО КРОЈАЧИзложбата, чиј првичен фокус се спомениците во Македонија, нѐ соочува со реалната состојба на овие ремек дела, некои од нив реконфигурирани, напуштени или заборавени, но сѐ уште живи централни места на сеќавањата, историјата и комеморацијата;- Споменик во Гевгелија

    Изложбата на фотографии печатени во сито техника „Споменици на Револуцијата“ на германскиот уметник Марко Кројач, се отвора денес во 13 часот во Галеријата Безистен во Штип, а во следниот период ќе биде поставена и во Кочани (21 април), Прилеп (25 април), Битола (26 април), Струга (28 април) и во Крушево на 3 мај. „Споменици на Револуцијата“ ги архивира партизанските споменици од бивша Југославија и покажува како се менувале културните сеќавања и концептите на идентитетот на балканските простори од Првата светска војна до денес.

    Марко Кројач, чие вистинско име е Марк Шнајдер, живее и работи во Берлин како слободен уметник, активист, музичар, ди-џеј и хроничар. Повеќе 15 години посветено ги документира монументалните споменици на НОБ на просторите на поранешна Југославија. Денес е дел од мултимедијалниот колектив „Центрифуга“ од Берлин, каде активно музицира и работи со сито печат. Изложувал во Токио, Женева, Белград, Берлин, Париз и многу други градови во светот како самостоен уметник и архивар на споменичното културно наследство на некогашна Југославија.

    Изложбата во Македонија ја организација „Задруга5060“ во соработка со локалната независна сцена како и со локалните самоуправи. Организаторот вели дека изложбата ги прикажува спомениците и приказните за нивното настанување, како и сегашниот однос на луѓето и воопшто културните политики кон постоечките споменици во едно време на постојано променлив идентитет.

    „Фотографиите на Марко Кројач ни ги доловуваат овие промени преку слика, а коментарите на различни автори го контекстуализираат секој споменик. Со овој пристап изложбата има желба да го унапреди критичкото, но во истовреме контруктивното соочување со минатото. Изложбата, чиј првичен фокус се спомениците во Македонија, нѐ соочува со реалната состојба на овие ремек-дела, некои од нив реконфигурирани, напуштени или заборавени, но сѐ уште живи централни места на сеќавањата, историјата и комеморацијата. Таа отвора прашања кои јасно ја покажуваат сложеноста на процесот во градењето на мирот на Балканот и поделбите поврзани со минатото, години после војни и насилство“, велат од „Задруга5060“

    Кројач на изложбите ќе ја промовира и својата книга „Залудградител“ работена на сито печат, а на тема споменици на народноослободиелната борба на просторите на бивша Југославија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира