ПОЧИНА ИСТОРИЧАРОТ НА УМЕТНОСТ И АРХЕОЛОГ ГОЦЕ АНГЕЛИЧИН-ЖУРА

    ПОЧИНА ИСТОРИЧАРОТ НА УМЕТНОСТ И АРХЕОЛОГ ГОЦЕ АНГЕЛИЧИН-ЖУРААнгеличин-Жура е основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерните цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион

    Познатиот историчар на уметност и археолог Гоце Ангеличин-Жура ненадејно почина синоќа во Охрид на 68 годишна возраст.

    Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во првата генерација на групата за историја на уметност со археологија. Се вработил во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид во 1980 година, каде што до пензионирањето во 2015 година работи како историчар на уметноста и звање советник-конзерватор. Тој е основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерните цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион.

    Прв истражувач е на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе-Албанија, што резултира со откривање на нови ликови на Светите Климент и Наум, и со тоа пополнува една голема празнина за овој период. Свои стручно-научни трудови има презентирано на бројни научни собири во Македонија и во странство. Токму поради ваквата стручно-научна активност тоје застапен во Првата македонска енциклопедија.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира