ПОЧИНА НОВИНАРОТ И ХРОНИЧАР НА СКОПЈЕ ДАНИЛО КОЦЕВСКИ

    ПОЧИНА НОВИНАРОТ И ХРОНИЧАР НА СКОПЈЕ ДАНИЛО КОЦЕВСКИКоцевски на промоцијата на неговата книга „Скопски легенди“ во 2017, во која се се собрани текстовите за мистериите, тајните и животот во некогашно Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Новинарот и публицист Данило Коцевски, кого скопјани веќе со децении го знаат како легенда на Скопје, почина на 73 години, по кратко боледувања, а погребот се одржа денеска на Градските гробишта Бутел во присуство на семејството, соопшти државната агенција МИА.

    Коцевски дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Како стипендист на француската влада престојувал во Франција (1981-1982). На Интердисциплинарните студии по новинарство на скопскиот универзитет ги држел вежбите по теорија и практика на новинарството. Еден е од иницијаторите за основање на Институтот за македонска литература, заедно со Георги Сталев, Слободан Мицковиќ и Душко Наневски, на почетокот на 1980-те години. Член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) станал во 1973 година. Со група еминентни македонски писатели основач е на здружението на Независните писатели на Македонија, во текот на 1993-1994 година.

    Како дваесетгодишник (1967) професионално се вработува во редакцијата на весникот „Млад борец“, а подоцна преминува во културната редакција на тогашната Радио телевизија Скопје (1973). Најпрвин бил член на редакцијата на познатото списание за уметност и култура „Разгледи“, а потоа и негов главен и одговорен уредник. Од 2008-2012 година ја извршувал функцијата директор на Струшките вечери на поезијата.

    Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1962 година. Познат е пред се како книжевен критичар и теоретичар. Но, пишува и проза, поезија и драмски текстови. Објавил 26 книги од сите жанрови, како и неколку драмски текстови од кои некои се наградени („Еразмо Ротердамски“ на конкурсот на МНТ, 1999, а за улогата на Ештро во неговата драма „Од првиот здив’ (1995) артистот Диме Илиев ја доби наградата Ристо Шишков. Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, а негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот.

    Досега има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени. Познат е и како хроничар на градот Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира