ПОЧИНА СЛАВНИОТ ГРУЗИСКИ РЕЖИСЕР ОТАР ЈОСЕЛИАНИ

    ПОЧИНА СЛАВНИОТ ГРУЗИСКИ РЕЖИСЕР ОТАР ЈОСЕЛИАНИЈоселиани се пресели во Франција во 1982 и таму го мина поголемиот дел од кариерата. (Фото: Гети)

    Грузискиот филмски режисер Отар Јоселиани, познат по филмовите како „Пасторали“ и „Миленици на Месечината“, почина на 89 години. Неговата смрт ја објави неговиот пријател, фотографот Јури Рост.

    Роден во Советскиот Сојуз, Јоселиани го помина поголемиот дел од својата кариера во Франција, каде што доби поширока публика снимајќи филмови кои беа поотворено критички настроени кон земјата што ја напушти. Се фокусираше на секојдневниот живот, но со дистанца, а понекогаш и во саркастичен стил.

    Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили рече дека е длабоко растажен од веста за смртта на Иоселиани, нарекувајќи го „почесна фигура“ на грузиската уметност.

    Роден во грузискиот главен град Тбилиси, Јоселиани го сними својот прв долгометражен филм „Паднати лисја“ во 1966 кој доби две награди на филмскиот фестивал во Кан. Се пресели во Франција во 1982, по успехот на неговиот филм „Пасторали“ на Берлинскиот филмски фестивал. Очајно сакаше да постигне успех во неговата родна земја која му даде на филмот само ограничено прикажување. „Миленици на Месечината“, снимен во 1984, ја освои специјалната награда на жирито во Венеција, и оттогаш на фестивалот играа сите негови филмови. Во 2011 му беше доделена награда за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал во Минхен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира