ПОЧИНА ТЕАТРОЛОГОТ РИСТО СТЕФАНОВСКИ

    ПОЧИНА ТЕАТРОЛОГОТ РИСТО СТЕФАНОВСКИСтефановски беше директор на Драмски театар 26 години, од 1957-1983. (Фото: Драмски театар)

    Ристо Стефановски, театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и долгогодишен директор на Драмски театар Скопје, почина денеска на 94 години, соопшти Театарот. Стефановски беше директор на Драмски 26 години, од 1957-1983.

    Роден во Скопје, Стефановски студирал глума на Театарската академија во Белград, а од 1951 до 1960 бил актер во скопскиот Народниот театар. Од пролетта 1957 раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977. Во меѓувреме, дипломирал на Факултетот за драмска уметност во Белград, отсек организација. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Од 1983 година беше генерален директор на Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Автор е на 12 тома од книгите „Театарот во Македонија“, и меѓудругите на „Летопис на македонската драма и театар“,„Монографија – 30 години Драмски театар“, „Мојот театар – Театарски вистини, записи, сведоштва, сеќавања“ и други.

    Меѓу бројните награди се највисоките државни „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, Стериина награда за животно дело на Фестивалот Стериино позорје, Нови Сад, Награда на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за животно дело, Ордените за труд со бронзен, сребрен венец и златен венец, „13 Ноември“, Одликување на Француската влада „Академска палма“ и други.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира