ПОЛАНСКИ СО „ОФИЦЕР И ШПИОН“ ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

    ПОЛАНСКИ СО „ОФИЦЕР И ШПИОН“ ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈАОскаровецот Жан Дужарден е ѕвездата на „Офицер и шпион“ на Роман Полански за Аферата Драјфус во Франција.

    Во селекцијата за престижниот Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција годинава ќе има повеќе млади отколку искусни автори, но меѓу гостите ќе има 10 оскаровци, а меѓу најочекуваните се новите филмови на Роман Полански, Џејмс Греј, Стивен Содерберг, Хироказу Коре-еда, Оливие Асајас, Марио Матроне, Пабло Лараин. Директорот на венециска Мостра Алберто Барбера денеска ја објави главната селекција и кажа дека жали што „Ирецот“ на Мартин Скорсезе нема да биде готов до ноември иако го планирале за конкуренцијата.

    Меѓу 21 кандидат за Златен лав на фестивалот што ќе се одржи од 28 август до 7 септември, со нетрпение се очекува „Офицер и шпион“ на 80-годишниот Полански, реконструкција на прочуената Афера Драјфус во Франција, со оскаровецот Жан Дужарден во главната улога. Содерберг се враќа со „Перална“ за Панама пејперс скандалот, со Антонио Бандерас, Гери Олдман и Мерил Стрип. Во селекцијата со „За бескрајот“ е и Рој Андерсон кој во 2014 победи со „Гулабот седеше на гранка и размислуваше за постоењето“, како и Ноа Баумбах, Атом Егојан, Лоу Је со филмот во кој игра големата кинеска ѕвезда Гонг Ли. Во конкуренцијата се и тројца италијански автори, Матроне, Пјетро Марчело и Франко Мареско.

    Венеција отвара со „Вистина“ на Хироказу Коре-еда, со Катрин Денев и Жилиет Бинош.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари