ПРЕСТАРЗА РОКЕНРОЛ, ПРЕМЛАД ЗА СМРТ, ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ СО ПРВАТА КНИГА ПРОЗА ПОВИКА НА ПОДДРШКА НА НОВИНАРИТЕ ОД МПМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ,МК)

    ПРЕСТАРЗА РОКЕНРОЛ, ПРЕМЛАД ЗА СМРТ, ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ СО ПРВАТА КНИГА ПРОЗА ПОВИКА НА ПОДДРШКА НА НОВИНАРИТЕ ОД МПМ

    Новинарот Ѕвездан Георгиевски, во петокот вечерта ја промовираше својата прва прозна книга, „Недела дена во живототот и смртта на Гроздан“, издание на „Темплум“.

    Книгата е објавена како првонаградена на Конкурсот на издавачот за признанието „Новите!“, што се доделува за дебитантска прозна книга. Тој факт беше доволна провокација за шегите на своја сметка на 56 годишниот луциден новинар со голем новинарски багаж зад себе, меѓу другото основач на првото радио во Македонија, „Канал 4“ и на наградата „Роман на годината“, на Утрински весник, како тогашен уредник на Културната рубрика во во весникот.

    Книгата е објавена како првонаградена на Конкурсот на издавачот за признанието „Новите!“, што се доделува за дебитантска прозна книга. Тој факт беше доволна провокација за шегите на своја сметка на 56 годишниот луциден новинар со голем новинарски багаж зад себе.

    Книгата е објавена како првонаградена на Конкурсот на издавачот за признанието „Новите!“, што се доделува за дебитантска прозна книга. Тој факт беше доволна провокација за шегите на своја сметка на 56 годишниот луциден новинар со голем новинарски багаж зад себе.

    Ѕвездан рече оти има некоја симболика што е промоцијата токму на 17 февруари, Денот на македонското новинарство. Тоа е професија во која тој со години грчевито се обидува да преживее, а токму на тој ден се случи и првиот штрајк на медиумите во Македонија, на изданијата од МПМ. Затоа Ѕвездан ги повика присутните гости кои ги имаше од сите сфери на општество на јавна поддршка, што нескриено и ја доби:„Ве молам со еден аплауз да им дадеме поддршка на колегите од Утрински, Дневник и од Вест“, рече Георгиевски кој и во текот на денот лично присуствуваше на штрајкот заедно со колегите пред МПМ за да им даде поддршка, иако веќе не работи со нив.

    Свежиот дух на Георгиевски вели дека е престар за рокенрол, а премлад за смрт, па во таа како што вели  „лер“ состојба  помеѓу  ангажманите што новинарството му ги нуди, ја напишал оваа книга која ја промовираа Петар Арсовски – таткото и и Петар Арсовски – синот.

    Помладиот Петар, рече;„Јас сум вистинскиот Петар  Арсовски“, со што на публиката и беше доближена темата на расказите вклопени како целина, во која главниот лик Гроздан себе си се гледа како туѓинец. Се мешаат реалноста и фикцијата, животот и смртта, односот кон времето. Промоторите и авторот ги спомаа сериите како „Зона на самракот“ и „Твин пикс“, беше спомнат и псевдонимот Денис Борски, кого Ѕвездан го повикува да се јави ако препознае делови во книгната, и многу други домашни и светски автори и референци, зашто книгата зборува за феноменот на дежа ву.

    Книгата е куса, зашто Георгиевски вели не знае долго да пишува, и се однесува како што рекоа промоторите на реалноста и животот во паралелни светови како „последица на голема јонизација после меторски дожд и ширење на молекулите и на атомите“.

    Ова издание на едицијата „Катапулт“ на „Темплум“, Георгивски го има поднасловено како Роман во слики за машкото стареење, а го посветува на мајка си, која го чува во срцето и на сопругата и ќерката, кои тој ги чува во своето срце.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари