ПРИДОНЕСОТ НА ГРЧКИОТ АРХИТЕКТ ДОКСИЈАДЕС ВО ИЗГРАДБАТА НА ПОСТМОДЕРНО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ НА ИЗЛОЖБА ВО МСУ

    ПРИДОНЕСОТ НА ГРЧКИОТ АРХИТЕКТ ДОКСИЈАДЕС ВО ИЗГРАДБАТА НА ПОСТМОДЕРНО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ НА ИЗЛОЖБА ВО МСУПоставаката содржи документи на Доксијадес, како и грчки дела од колекцијата на МСУ. (Фото: МСУ)

    „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“ е насловена архитектонската изложба која ќе се отвори вечерва во 19 часот во Музејот на современата уметност (МСУ).

    Изложбата во Скопје доаѓа по пет години откако за првпат беше претставена во музејот Бенаки во Атина. Во нејзиниот фокус е улогата и придонесот на грчкиот архитект и планер – Константинос А. Доксијадис.

    Во годината кога Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес, целта на изложбата е одново да ја стави во центарот на вниманието приказната за неговата обнова. Во нејзиниот фокус е улогата и придонесот на грчкиот архитект и планер – Константинос А. Доксијадис, еден од многуте меѓународни експерти поканети од Обединетите нации (ОН), кои го водат процесот за обнова на Скопје.

    Автори и куратори на изложбата се Јован Ивановски, Ана Ивановска-Дескова, Владимир Десков, Калиопи Амигдалу, Костас Циамбаос во соработка со истражувачкиот тим кој го сочинуваат: Теа Дамјановска, Михајло Стојановски и Христос – Георгиос Критикос.

    Проектот е реализиран од Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Континео 2020, Скопје и е дел од годишната програма на Министерство за култура на Македонија. Поставката ќе биде отворена до20 јануари, 2024 година.

    „Покрај силната професионална посветеност на Доксијадис, архивите ја откриваат и неговата длабока емпатија за настраданиот град. Неговата лична работа и работата на неговата компанија, нивните извештаи, деталните истражувања на подрачјата погодени од земјотресот, студиите за домување, дијаграмите, зборовите и размислувањата, сето тоа значајно и подеднакво придонело во изработката на Основниот план за обнова на Скопје.
    Концептуално збогатена со уметнички дела од вредната колекција на Музејот на современата уметност во Скопје, подарени од грчки уметници, се надеваме дека не само што ќе помогне да се врати сеќавањето на достигнувањата од процесот на обновата на Скопје, туку и ќе придонесе за заживување на потенцијалот на архитектурата и нејзината општествена одговорност“, велат кураторите.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира