РАСПИШАН КОНКУРС ЗА НЕОБЈАВЕН И НЕПОСТАВЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ, НАЈДОБРИТЕ ТРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 120 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

    РАСПИШАН КОНКУРС ЗА НЕОБЈАВЕН И НЕПОСТАВЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ, НАЈДОБРИТЕ ТРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 120 ИЛЈАДИ ДЕНАРИПријавените текстови ќе ги оценува посебна комисија именувана од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. (Фото: К. Попов)

    Распишан е конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст, со цел да се афирмира современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори. Конкурсот ќе трае до 15 март, и е проект на Министерството за култура и Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“  од Прилеп.

    „Приоритет ќе имаат текстовите кои поттикнуваат и промовираат млади домашни драмски автори, текстови кои ја афирмираат современата македонска драма, иницираат зголемено учество на јавноста-интерактивност, активна публика, учество на млади и текстови кои отвораат актуелни општествени прашања“, вели Министерстовото.

    Пријавените текстови ќе ги разгледува и оценува посебна комисија од истакнати, стручни и компетентни лица именувана од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на предлог од Фестивалот. Тие ќе направат избор на најмногу 3 македонски драмски текстови.

    „Министерството за култура на авторите на откупените македонски драмски текстови, за откуп на авторските права за објавување и поставување на драмскиот текст, ќе им додели авторски надомест во нето-износ од по 120 илјади денари. Неизбраните драмски текстови ќе им бидат вратени на авторите. Воедно ќе спроведе и соодветна постапка за објавување и поставување на откупените македонски драмски текстови“, додаваат од Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира